„Надворешната политика на Бугарија треба да се произведе во земјата и да се спроведе надвор од земјата, обратното применување би било погрешно”, истакна претседателот Радев
Новоизбраниот претседател на Бугарија Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова положија заклетва на церемонијата одржана во Парламентот на Бугарија, јавува Anadolu Agency (АА).
По дадената заклетва Радев рече дека „да се биде Бугарин не е судбина туку е чест. Тој понатаму во неговиот говор ги спомна правните реформи кои што се очекуваат со години во оваа земја.
„Правниот систем на нашата земја дава впечаток дека е тежок и дека работи споро. Доминира мислењето дека злосторството може да остане неказнето. Тоа е основната причина поради која многу број Бугари одат во странство”, рече Радев.
– Надворешнта политика на Бугарија
Радев говореше и за членството на земјата во Европската Унија (ЕУ) и НАТО.
„Надворешната политика на Бугарија треба да се произведе во земјата и да се спроведе надвор од земјата, обратното применување би било погрешно”, истакна претседателот Радев.
Новоизбраниот претседател Радев, кој што беше кандидат на про-руската Социјалистичка партија на Бугарија (СПБ), повеќе пати за време на кампањата истакна дека треба да се тргнат санкциите воведени против Русија.
Радев изјави дека нема намера да ги надмине овластувањата што ги поседува како претседател, но тој исто така рече дека нема да дозволи одземање на законските овластувања кои што ги поседува.
Претседателет Радев додаде дека потребно е унапредување на армијата, зголемување на граничните контроли, спречување на илегалната миграција и намалување на бројот на бегалците во земјата.
Мандатот на Радев и Јотова ќе започне на 22. јануари, по инаугурацијата кој ќе се оддржи пред споменикот на Непознатито борец во Софија.