НПГ на ВМРО-ДПМНЕ: Лажни се обвинувањата на Милошоски

Сподели

 

“Независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, во целост ги отфрла лажните наводи изнесени од пратеникот Антонио Милошoски, вчера на емисијата “Што не е јасно ” на Алфа телевизија, каде што обвини за поткуп на пратеници од НПГ за гласањето на уставните измени.

Исто така, во континуитет од раководството на ВМРО ДПМНЕ се изнесуваат вакви клевети за поткуп.

Го охрабруваме пратеникот Антонио Милошоски и останатите од раководството на ВМРО ДПМНЕ, доколку имаат докази за ваквите клевети веднаш да ги пријават во Јавното Обвинителство.

Во спротивно најавуваме дека ваквите наводи ќе треба да ги докажуваат во судски постапки “- се наведува во денешното соопштение на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.