Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу при работната посета на Полициската станица Гостивар, порача дека годинава ќе се води остра борба со криминалот и со корупцијата и притоа нема да бидат поштедени ниту полицајците ниту луѓето од државната управа.
–” Сакам да го повторам ставот дека ќе имаме нов и поагресивен пристап во борбата против кримималот и корупцијата и ќе се гони секој еден кој нема да подлежи на апсолутниот авторитет на законот. Верувам дека 2018-та ќе биде година на некомпромисното справување со криминалот и корупцијата, дури и ако е дел од структурите на полицијата и на државата. Нека биде бериќетна Новата година!” – порача заменик-министерот за внатрешни работи.