Општина Аеродром во соработка со „Нула отпад“ реализира бесплатна пролетна еко-акција за собирање електронски и електричен отпад од домаќинствата и компаниите на целата територија на општината.
Граѓаните и правните лица можат секој ден да се јават на еколонијата 070 236 000 и да ги пријават непотребните електрични и електронски уреди за преземање од прагот на нивните домови/компании. Услугата е бесплатна, а единствено што е потребно е уредите да се на достапно место за преземање.
Во насока на заштита на животната средина и човековото здравје, ги охрабруваме граѓаните и компаниите на безбеден, лесен и сигурен начин за да го одлагаат опасниот отпад, информираат од општината.