Американскиот претседател во заминување, Барак Обама, ја укина петдецениската „политика на отворени врати“ за кубанските мигранти, јавуваат американските медиуми.
Од 60-тите години на минатиот век, за кубанските мигранти важеа посебни правила, според кои им се овозможуваше брзо добивање американско државјанство, а отсега за Кубанците ќе важат слични правила како и за другите жители на Јужна Америка.
– Отсега Кубанците што сакаат да влезат во САД илегално, ќе бидат изложени на исти правила како и другите мигранти – изјави Обама.
Во САД живеат околу 1,8 милиони Кубанци кои имаат американско државјанство.