ОБАМА СО КРИТИКИ КОН ТРАМП: ТОЈ Е КОНТРАДИКТОРЕН, НЕИНФОРМИРАН И ЧУКНАТ

Сподели

U.S. President Barack Obama delivers his final State of the Union address to a joint session of Congress in Washington January 12, 2016. REUTERS/Evan Vucci/Pool - TPX IMAGES OF THE DAY) - RTX2252I

Обама, кој учествува на Азискиот самит во Лаос, изјавил дека секој пат кога Доналд Трамп ќе почне да зборува, станува сè појасно дека кандидатот на републиканците е неквалификуван да биде претседател. Тој денеска од Лаос го критикуваше Трамп и го нарече „чукнат“ и „неинформиран“, откако републиканскиот кандидат за претседател на САД, синоќа изјави оти смета дека рускиот претседател, Владимир Путин е подобар лидер од Обама, јавува „Би-би-си“.

„ -Мислам дека човекот е неквалификуван да биде претседател на САД и секој пат кога ќе прозбори тоа се потврдува. Мислам дека она што е важно за јавноста и за новинарите е да го следат што зборува и да поставуваа прашања за она што делува контрадикторно, неинформирано или како чисто чукнати идеи“, изјави Обама.

Трамп, кој синоќа во Њујорк заедно со својата ривалка од демократската партија, Хилари Клинтон, одговараше на прашања на воените ветерани, рече дека доколку биде избран за претседател на САД во ноември, „добро ќе се сложува со Путин“.

„Тој (Путин) има рејтинг од 82 отсто. Кога тој ме нарекува брилјантен, јас ќе го прифатам неговиот комплимент“, изјави Трамп, додавајќи дека рускиот претседател има „одлична контрола врз својата земја“.