ОБАМА: ТРАМП Е ДЕМАГОГ, ПОДДРШКА ЗА ХИЛАРИ КЛИНТОН

Сподели

04d8c5fe7c37d6149ccf67bf49316bdbe781caa4772986586fa5120fd7204e79

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика своите сонародници да ја доведат Хилари Клинтон до Белата куќа.

Во говорот на претпоследниот ден од националната конвенција на демократите во Филаделфија синоќа, американскиот претседател укажа на вистинската опасност што во неговите очи ја претставува републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трапм, кој го нарече демагог и самопрогласен спасител на земјата.

Тој го фалеше силното искуство на Клинтон, која е негова поранешна државна секретарка.
– Америка е веќе голема, Америка е веќе силна. И можам да ви ветам дека нашата сила, нашата големина не зависат од Доналд Трамп – рече 44. претседател на САД.

Со силен аплауз во салата, Хилари Клинтон му се придружи на сцената на крајот од говорот. Двајцата сојузници се ракуваа и се фатија за раце во знак на единство.

Клинтон денеска на последниот ден на демократската конвенција, официјално ќе ја прифати претседателската номинација на партијата.

Говорот на Обама, кој траеше 45 минути, преку директен телевизиски пренос го следеа милиони Американци. Тој ги повика сите демократи да се мобилизираат и на изборите на 8 ноември да гласаат за Клинтон дури и ако не се согласуваат во сè со неа.

– Ништо не може навистина да ве подготви за барањата на Овалната соба, но Хилари беше присутна во таа просторија и учествуваше во донесувањето одлуки. Таа е подготвена за местото врховен командант – изјави Обама.

На конвенцијата се обратија и потпретседателот Џо Бајден и Тим Кејн, кандидатот за потпретседател на Клинтон, како и актерката Сигурни Вивер, поранешниот гувернер на Мериленд Мартин О’Мајли.

По говорот што ќе го одржи вечерва, Хилари Клинтон ќе тргне во кампања со автобус заедно со нејзиниот потпретседателски кандидат Кејн, во американските држави Пенсилванија и Охајо.