Обид за напад над грчкиот претседател Павлопулос

Сподели

За време на Денот на независноста во Грција непознат човек се обидел да го пробие полицискиот кордон и да го нападне грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, при положувањето венец пред Споменикот на непознатиот војник, по што следуваше инцидентот.

Полицијата веднаш реагираше и го уапси напаѓачот.

За да се спречат инциденти грчки медиуми јавија дека 1.600 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во Атина, а полицијата  ќе има засилено присуство и во Солун, Пела, Катерини, Верија, Едеса и јаница.

Реакциите покажуваат дека оние кои верувале дека гневот од постигнатиот компромис и Преспанскиот договор ќе се намалува со текот на времето, не биле во право, пишува „Ефимирида“.

Претседателот Павлопулос важи за политичар со неутрален став кон Преспанскиот договор.