Министерство за животна средина и просторно планирање го објави тендерот за оградата на дивата депонија со токсичниот линдан во Пеленица.
Тендерот првично беше најавен за до крајот на 2018 година, а потоа за до крајот на јануари оваа година, па на 11 март, за конечно да биде објавен на 22 март.
Проценетета вредност на тендерот, кој е отворен до 2 април, е 423.729 денари без ДДВ.
Спецификацијата на оградата на депонијата на која се претпоставува дека има токсичен линдан предвидува таа да биде од два метри висока жица долга 350 метри за да го опфати целиот простор.
„Мета“ во декември минатата година објави дека во месноста Пеленица во Драчево, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан кој потекнува од фабриката ОХИС и таму го фрлале работници пред да се направат големата и малата депонија на територијата на фабриката.
На ова место основните училишта редовно одржуваа детски екскурзии кои Министерството за образование и наука по пишувањето на „Мета“ забрани да се одржуваат.