Обвинет во „Диво Насеље“: Специјалци ме удираа и ме газеа

Сподели

divo-naselje-sudenje2

На денешното рочиште за случајот „Диво Насеље“ се читаа исказите на сведоците дадени пред спојувањето на предметот „Молња“ со овој случај. Пред почетокот на рочиштето, еден од обвинетите се пожали дека бил малтретиран од припадници на специјалните единици.

– Ме газеа и ме удираа од специјалната единица и шест пати ми ги креваа рацете одзади – рече обвинетиот.

Судијаката Верка Петковска му одговори дека ќе му се јави на директорот на затворот, каде обвинетиот издржува притвор.

Рочиштето сè уште трае и се читаат исказите. Ако денеска заврши судот со читањето на исказите, според најавите, следното рочиште треба да биде затворено за јавност, бидејќи ќе продолжи сослушувањето на заштитените сведоци.

Обвинет во „Диво Насеље“: Специјалци ме удираа и ме газеа