Oбвинителите од СЈО се враќаат во матичните обвинителства

Сподели

 

Советот на јавни обвинители денеска на седница го констатираше прекинувањето на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, откако во саботата беше разрешена нивната шефица Катица Јанева.

Претседателот на Советот, Ацо Колевски, по седницата изјави дека досегашните обвинители на СЈО треба да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.

Предметите на СЈО ги презеде Јавното обвинителство, а државниот јавен обвинител Љубомир Јовески најави дека постапувањето по предметите на СЈО ќе продолжи, но оти се уште не е утврдено кој ќе ги застапува.

Тимот на Јанева, избран во октомври 2015 година, го сочинуваа обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Артан Ајро, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Стефчо Донев, Трајче Пеливанов и Елизабета Јософовска.