Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Узурпација на недвижности согласно член 225 став 1 од Кривичниот законик.
Првиот обвинет, 39-годишен жител на Глумово, како трговец-поединец кој врши дејност за патнички воден транспорт, на точно неутврден датум со намера заземал во владение туѓа недвижност што е со пропис прогласена за споменик на природата. Имено, на катастарска парцела на брегот на езерото Матка поставил дрвена платформа со вкупна површина од 120 м2 со метална конструкција, над која изградил објект од цигла и дрво со површина од 49 м2.
Вториот обвинет, 25-годишник од Глумово, делото го сторил така што на пет катастарски парцели исто така на брегот на езерото, поставил дрвена платформа со метална конструкција и со површина од 189,54 м2, на која изградил времен објект со површина од 187 м2, соопштуваат од Јавното обвинителство.
denesmagazin.mk