Од 15. ноември – Стоп за возила до Средно Водно

Сподели

Градоначалникот  Петре Шилегов, најави дека од 15. ноември ќе го забрани движењето на возила во Средно Водно.

Од средината на месецот ќе биде дозволено автомобили да се качуваат само до делот кај новиот пат што води кон Сончев Град.

„За да им овозможиме на граѓаните да стигнат до Средно Водно, ќе воведеме повеќе автобуски линии, односно покрај постојната линија, која од Транспортен центар вози до Средно Водно, ќе отвориме два нови пункта, едниот кај поранешна “Нова Македонија”, а вториот спроти “Цветен пазар“, рече Шилегов.

Новиот режим за движење на Водно ќе почне од наредниот викенд. Дотогаш треба да биде поставен нов директор на ЈСП Скопје, и да се воведат нови автобуски линии.