Од 31. октомври почнува зимското сметање на времето.
Со поместување на часовникот за еден час наназад, времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.
Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.
Преминувањето на летно и зимско време за првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа и досега воведено е во 70 земји, главно на северната хемисфера.