Од денес ќе се користи посебниот превоз во Општина Центар

Сподели

 

Услугата посебен превоз, од денес ќе биде достапна и за жителите на Општина Центар.
 
Полнолетните лица што користат ортопедско помагало инвалидски колички, дубаци или одалки како и граѓаните кои поради болест се во лежечка состојба, односно неподвижни, можат да користат бесплатен превоз до било која здравствена установа во Градот Скопје.
 
За користење на услугата граѓаните потребно е да го закажат својот превоз минимум 24 часа однапред, јавувајќи се на телефонскиот број 02/15330, секој ден од 6 часот наутро па до полноќ, а да ја користат услугата од 8 до 16 часот попладне.
 
Со еден телефонски повик може да се закаже превоз за еден корисник до една здравствена установа. Корисниците имаат право на бесплатен превоз во еден правец максимум 10 пати во текот на 1 година.