Цените на дизел горивото и на маслото за горење од ноќеска на полноќ се намалуваат за 2 денара по литар, а мазутот поевтинува за 1,263 денари по килограм одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 88 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 83,5 денари, додека Мазутот М-1 НС ќе чини 41,783 денари за килограм. Бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98, пак, и понатаму ќе се продаваат за 86,5, односно за 88,5 денари за литар.