Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
-Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,5 денари за литар,
– малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 82,5 денари за литар,
– малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78 денари“, информира РКЕ.