Од полноќ нови цени на горивата

Сподели

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,29 % во однос на одлуката од 30.3.2023 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,652 ден/кг и сега ќе изнесува 39,391 ден/кг.

Од 4.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 85,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 72,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 71,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 39,391 (денари/килограм)