Од полноќ, малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/литар, а цената на „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемуваат 2,00 денара/литар, соопшти РКЕ.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,505 денари/кг и сега ќе изнесува 41,079 денар/кг.
Со тоа, од полноќ цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 74,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,079 (денар/килограм)