Од полноќ цените на горивата се намалуваат во просек за 1.99%, соопштија од Регулаторната Комисија за Енергетика.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 2 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 93.50 денари, додека ден литар 98-октански бензин ќе чини 96.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.5 денари и еден литар дизел гориво ќе чини 93.
Цената на Мазутот М-1 НС останува 53,343 денари за килограм.