Од полноќ за 1 денар поскап дизелот и екстра лесното масло

Сподели

 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 отсто во однос на одлуката од 23.05.2022 година, информираат тие.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и од ноќеска ќе изнесува 54,640 денари за килограм.

Од 31.5.2022 година од 00:01 часот, дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по 86 денари за литар, додека маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 84,5 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,807 отсто, кај дизелот за 3,943 отсто, кај екстра-лесното масло за 3,308 отсто и кај мазутот зголемувањето е за 1,135 отсто.