Од Русија пристигнаа нови 6 пингвини во ЗОО Скопје

Сподели

 

Од Русија пристигнаа и преостанатите шест пингвини од групата (три машки и три женски).
 
 
 
 
Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски.
 
 
 
 
Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште.