Ве информираме дека од утре, понеделник (16.03.2020 год), поради намалена мобилност на населението и значително намалениот број на корисници на јавниот превоз, автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе сообраќаат по единствен саботен возен ред.
-Возниот ред може да се види на веб страницата www.jsp.com.mk, а информации може да се добијат и во Диспечерски центар на (02)3173-224.
-Одлуката ќе важи до 21.03.2020 год, а за евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.
Одлуката е донесена согласно препораките и преземените мерки на Владата на РСМ за превенција од ширење на коронавирусот.
-Апелираме до граѓаните, рационално да го користат јавниот превоз, истовремено да се придржуваат на препораките како да се однесуваат во затворен простор – известуваат од Град Скопје.