Од утре двосменско работење во повеќе институции и во градинките

Сподели

Од утре, 1.септември, почнува да се применува одлуката за распоред на работното време во органите на управата. Двосменското работење треба да се применува во службите на органите на државната управа што имаат непосреден контакт со странки при издавање на лични документи, дозволи и слична документација, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Овие реформи со флексибилно работно време владата ги спроведува со цел да им излезе пресрет на граѓаните, односно овозможување подобри услови за вработените во администрацијата да имаат шанса да се прилагодат на работното време на градинките и училишните установи.