Од вечерва „Охрид колинг“ во СРЦ „Билјанини извори“

Сподели

631f9508-80dd-4518-a2b3-e4ed9353c007

Охрид од вечерва е домаќин на големиот музички настан „Охрид колинг“ (Ohrid calling), на кој ќе настапат светски познатите диџеи Ники Ромеро и Лост Фриквенсес.

На 13 август е закажан настапот на легендарниот гитарист Ал Ди Меола, а еден ден потоа на СРЦ „Билјанини извори“ е настапот на светската атракција, групата „Продиџи“. На годинешниот „Охрид колинг“ ќе настапат и познати македонски групи и диџеи.

Организатори се Општината Охрид и Авалон продукција.

– Намерата е во листата учесници на настанот да се вклучуваат многу познати светски музички имиња, кои ќе бидат причина Охрид да се етаблира во еден регионален центар кој ќе се развива од година во година и ќе претставува не само туристичка атракција туку и музичка дестинација, што значително ќе ја зголеми атрактивноста на градот Охрид – вели градоначалникот Никола Бакрачески.
Денис Илиоски од Авалон продукција додава дека Охрид ги има сите услови да покаже во светски рамки дека заслужува еден ваков голем фестивал.

Билетите за „Охрид колинг“ веќе се распродадени во Бугарија, Албанија, Косово, Грција, цел Балкан, додека за концертот на „Продиџи“ има најавено тури директно од Велика Британија.