Одбележан Денот на мултипла склероза

Сподели

 

По повод одбележувањето на Денот на мултипла склероза, параплегија и дистрофија, денеска во Скопје во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, се одржа јавен настан под мотото „МС Поврзувања” за подигање на свеста за потребите и правата на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија. На настанот учествуваше Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и истакна дека Градот Скопје е поддржувач на многубројните активности на здруженијата.
 
 
 
 
– Градот Скопје е силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост. Поддршката на здруженијата на лица со телесен инвалидитет во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање е еден од нашите приоритети. Во контекст на денешното одбележување на Денот на мултиплекс склероза, параплегија и дистрофија, нашите заложби се за обезбедување подобра интеграција, подобрени јавни услуги за овие лица и нивно поврзување во заедницата преку отстранување на социјалните бариери – истакна Арсовска. 
 
На почетокот на настанот пред Порта Македонија, организаторите од Мобилност се обратија пред присутните и ги наведоа заложбите и активности за подобрување на правата, како и подобрување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија. 
 
Во рамките на одбележувањето се одржа и марш-дефиле по булеварот „11 Октомври“ од пред Собранието до ДХО „Даре Џамбаз, каде што учесниците продолжија со интерактивно дружење.