Одбележување 30 години УНИЦЕФ во РС Македонија

Сподели

Оваа година УНИЦЕФ одбележува 30 години работа во Северна Македонија. Во 1993 година УНИЦЕФ беше една оод првите две агенции на Обединтетие нации што отвори канцеларија во земјата по независноста – првично обезбедувајќи помош за децата бегалци од Босна и Херцеговина.

Денес, заедно со сите наши партнери, посветено продолжуваме со работа за секое дете.

„Каде и да се. Кои и да се. Кога и да им требаме. И сега, повеќе од кога било, нема да запреме.“ 
 Впуштете се во времепловот од 30 години што ќе ви доближи дел од клучните достигнувања откако државата ја потпиша Конвенцијата за правата на детето и воспостави соработка со УНИЦЕФ.
Овој фото есеј ќе ви ја пренесе целосната посветеност на УНИЦЕФ, заедно со своите партнери, да продолжи да работи за секое дете.
 
Новороденче во болницата во Куманово која во 2000 година стана “Болница-пријателка на бебињата“ со поддршка од УНИЦЕФ.
 
УНИЦЕФ/2000
 
Новороденче во болницата во Куманово која во 2000 година стана “Болница-пријателка на бебињата“ со поддршка од УНИЦЕФ.

да добие најдобар почеток во животот и заштита од болести што може да се спречат,

Вакцините се најбезбедниот начин за заштита на здравјето во детството и низ целиот понатамошен живот. Редовна вакцинација на Поликлиниката во Ѓорче Петров.
 
УНИЦЕФ/2013/Георгиев
 
Вакцините се најбезбедниот начин за заштита на здравјето во детството и низ целиот понатамошен живот. Редовна вакцинација на Поликлиниката во Ѓорче Петров.
 
УНИЦЕФ обезбеди редовна имунизација на децата бегалци од Косово во 1999 година. Медицинска сестра дава вакцина на дете во еден од камповите во кои беа сместени бегалците од Косово.
 
УНИЦЕФ/1999
УНИЦЕФ обезбеди редовна имунизација на децата бегалци од Косово во 1999 година. Медицинска сестра дава вакцина на дете во еден од камповите во кои беа сместени бегалците од Косово. без оглед кое е тоа дете, и без оглед каде живее,

Патронажна сестра во посета на семејство во село Арбанашко. УНИЦЕФ во континуитет помага патронажните сестри да се здобијат со дополнителни знаења за пружање совет и нега на мајките и новороденчињата.
 
УНИЦЕФ/2017/Георгиев

Сé се менува за детето преку добар, топол однос. По денот поминат во комуникација и игра со децата во Специјалниот завод во Демир Капија, терапевтот и тренер за интензивна интеракција на УНИЦЕФ ја стекнува довербата и љубовта на детето.
 
УНИЦЕФ/2017/Георгиев
 
Сѐ се менува за детето преку добар, топол однос. По денот поминат во комуникација и игра со децата во Специјалниот завод во Демир Капија, терапевтот и тренер за интензивна интеракција на УНИЦЕФ ја стекнува довербата и љубовта на детето да почувствува љубов и заштита,
 
УНИЦЕФ обезбеди психосоцијална помош, образование и здравствена заштита на жените и децата бегалци од Босна и Херцеговина за време на војната во поранешна Југославија.
 
УНИЦЕФ/1995
УНИЦЕФ обезбеди психосоцијална помош, образование и здравствена заштита на жените и децата бегалци од Босна и Херцеговина за време на војната во поранешна Југославија.
 
Семејната грижа и поддршка се неопходни за секое дете. УНИЦЕФ ја поддржа успешната де-институционализација во земјата. Во згрижувачко семејство во село Батинце, дете во прегратка со својата згрижувачка.
 
УНИЦЕФ/2018/Георгиев
Семејната грижа и поддршка се неопходни за секое дете. УНИЦЕФ ја поддржа успешната деинституционализација во земјата. Во згрижувачко семејство во село Батинце, дете во прегратка со својата згрижувачка. во семејна средина што го поттикнува развојот на детето, да се подготви за училиште,

Во сите градинки во земјата се спроведува програма за социоемоционален развој со поддршка од УНИЦЕФ. Во градинка во Скопје дете изразува различни емоции преку емотикони на чудење, незадоволство и радост.
 
УНИЦЕФ обезбедува поддршка за инклузивно и квалитетно образование за секое дете. Во едно од првите основни училишта што започна со инклузија на децата со попреченост во редовната настава, ученик со оштетен слух работи со својата наставничка.
 
УНИЦЕФ/2006

и да добие квалитетно и инклузивно образование…каде и да е,

По само шест недели од пристигнувањето на децата бегалци од Косово, УНИЦЕФ овозможи одржување настава за 85% од нив. Деца бегалци од Косово со нивната наставничка во кампот Стенковец.
 
УНИЦЕФ/1999
 
По само шест недели од пристигнувањето на децата бегалци од Косово, УНИЦЕФ овозможи одржување настава за 85% од нив. Деца бегалци од Косово со нивната наставничка во кампот Стенковец.
 
Само неколку недели по почетокот на пандемијата со КОВИД-19 УНИЦЕФ помогна во изработка на дигитална содржина за децата да продолжат со учење од далечина.
 
УНИЦЕФ/2020/ГеоргиевСамо неколку недели по почетокот на пандемијата со КОВИД-19 УНИЦЕФ помогна во изработка на дигитална содржина за децата да продолжат со учење од далечина.и в о секоја ситуација, да развие љубопитство,
 
УНИЦЕФ дава поддршка за учење за животната средина и климатските промени преку експерименти и практична работа во основните училишта. Преку едноставниот експеримент со ракета направена со помош на кесичка за чај децата учат како функционира топлинската енергија.
 
УНИЦЕФ/2022/Георгиев

За време на дебата за подобрување на образованието, девојче зборува како подобро да се одговори на врсничкото насилство.
 
УНИЦЕФ/2020 За време на дебата за подобрување на образованието, девојче зборува како подобро да се одговори на врсничкото насилство.

да ја гради самодовербата, да изрази мислење за теми што го засегаат животот на децата

На денот на детето 20 ноември УНИЦЕФ поддржува настани на кои децата преземаат акции. Млада активистка учествува на Владина седница на која дискутира за прашања што го засегаат животот на децата и младите.
 
УНИЦЕФ/2019/Георгиев
 
УНИЦЕФ поттикнува партнерства. Заедно со Фудбалската федерација на Македонија УНИЦЕФ ги промовира детските права. Деца учесници ја слават победата по завршениот фудбалски натпревар.