По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Африм Гаши, потпретседателката на Собранието Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав од Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, ќе се одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниотцентар АСНОМ во Пелинце, со интонирање на химната, положување на свежо цвеќе. Пред присутните свое обраќање ќе има потпретседателката Весна Бендевска. Делегацијата ќе го одбележи 2 Август – Илинден и во манастирот Прохор Пчински.
Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав од Бети Стаменкоска-Трајкоска, Славјанка Петровска, Бобан Карапејовски и Малиша Станковиќ, ќе положи свежо цвеќе во Скопје, пред Собранието кај споменикот на Никола Карев, на Плоштад Македонија пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, а Собраниска делегација, во состав Биљана Кузманоска и Митко Трајчулески, ќе положи свежо цвеќе во Крушево на гробот на Никола Карев, на гробот на гробот на Никола Карев, Македониум, пред Споменикот на Слива „На хероите на Слива“, Панихида, храм „Свети Никола“ и на „Мечкин Камен“.
