Одбројувањето не го премислува Уставниот суд за СЈО

Сподели

13250562_1608366552811783_1258822071_n-860x680

Уставните судии речиси со сигурност на утрешната седница нема да ја разгледуваат иницијативата за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство, што е едно од клучните барања на граѓаните, организирани околу граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“.

Од Уставниот суд за „Мета“ велат дека нема да има промена на дневниот ред на седницата закажана за утре, во 9 часот, објавен минатата недела.

– Нема да има промена на дневниот ред. Иницијативата за која прашувате, како и сите други иницијативи, е распределена за работа кај судија известител и ќе бидете известени кога ќе биде ставена на дневен ред – ни рече генералната секретарка на Уставниот суд, Оливера Филиповска.

Во меѓувреме, демонстрантите на „Шарената револуција“, преку герила-акции одбројуваат до сабота, 18 јуни, до кога е рокот за исполнување на двете нивни клучни барања, односно Уставниот суд да се произнесе за уставноста на законот за СЈО, да запре прогонот на демонстратните и да бидат повлечени сите пријави против лица што протестираат.

Тие порачаа дека доколку нивните барања не бидат исполнети до овој датум, „граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце и на свој начин“.

Одбројувањето не го премислува Уставниот суд за СЈО