Одлив на млади лекари од државата: Не сакаме да работиме за партиjaта

Сподели

Дури 70 остсо од вработените во македонските здравствени установи, сакаат да заминат, покажува истражувањето на Хелтгрупер. Според него, одливот на млади лекари надвор од државата најмногу се случува заради политичката состојба во државата.

Најголем дел од испитаниците кои заминале во странство велат дека главната причина што си заминала е тоа што, за да се вработат им биле барани партиски книшки. Дури 90 отсто од анкетираните лекари рекле дека не помислуваат да се вратат назад.

-Истражувањето покажа дека повеќе од 90 отсто од тие лекари што се отселиле немаат желба да се вратат во земјава, дури и во услови да се зголемат примањата. Од оние што не се иселиле, над 70 проценти размислуваат да заминат од земјава. Лекарите што се иселиле кажаа дека се многу задоволни од работата во земјите каде што се, дали Германија, дали Швајцарија или некоја друга земја. Лекарите што не се иселени кажуваат дека крајно се незадоволни од работата во сопствената земја- рече д-р Владимир Лазаревиќ.

Тој потенцира дека од Македонија главно заминуваат млади лекари и за неколку години здравствениот систем ќе се соочи со проблем, односно во моментот кога ќе се пензионираат постарите доктори.