ОДЛОЖЕНА Е СЕДНИЦАТА НА КОМИСИЈАТА ПОРАДИ ОТСУСТВОТО НА ЈАНЕВА

Сподели

katica-janeva-sobranie

Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на која требаше да продолжи расправата по Извештајот на СЈО денеска е одложена. Ѓорчев закажа ново продолжение на седницата за утре.

Како што истакна претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев, седницата е одложена поради неприсуство на подносителот на Извештајот специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради што, рече, не се исполнети деловничките основи за нејзино продолжение.

Специјалната јавна обвинителка Јанева вчера ја напушти седницата на Комисијата и најави дека ќе дојде само на пленарната седница на која ќе биде разгледуван Извештајот за работата на СЈО. Таа посочи дека повеќе не се враќа на седницата бидејќи пратениците и вршеле мобинг.

Комисиската расправа за Извештајот на СЈО почна во средата минатата недела, а беше прекината по заминувањето на Јанева.