Одложени свечените изјави на новоизбраните членови на ДИК – Џафери на пат во Приштина

Сподели

Собранието ја одложи свечената изјава на новоизбраните членови на Државната изборна комисија, поради присуство на Талат Џафери на комеморативната седница во Приштина, по повод смртта на активистот за национални и човекови права, Адем Демачи, – се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот на Собранието.

Собранието дополнително ќе ја закаже активноста за свечените изјави на членовите на ДИК.