Оффест од 5 до 8 јуни во НОБ и МКЦ

Сподели

На 24-от Оффест ќе се претстават врвни артисти од осум земји од светот во веројатно најсилната програма во последниве години. Ѕвездата на фестивалот несомнено е грандиозната пејачка Maria Joao.

По Лисабон, ОФфест е првата европска концертна премиера на нејзиниот волшебен нов проект – Аbundância.

Покрај João во програмата се присутни уште неколку големи звезди на таканаречената музика на светот, како Canzoniere Grecanico Salentino, Kimmo Pohjonen, Vieux Farka Touré и нашиот Драган Даутовски.

Фестивалот ќе се одржи во Националната опера и балет и во МКЦ.

извор Министерство за култура