Охрид со нови земјотреси

Сподели

Земјотрес со јачина од 3.8 степени според Рихтер е почувствуван утрово во Охрид и околината. Епицентарот бил во раседот помеѓу селата Косел и Јанкоец.

Силен земјотрес го потресе Охрид и пет минути на полноќ, чија магнитуда беше 4.1 степен според Рихтер. По него следеа два помали потреси со магнитуда од 2 степени и еден во 3 часот и 2 менути со магнитуда 3.

Вознемиреноста кај граѓаните е голема. Изминатата ноќ многумина решија да ја поминат на отворено, а се бројат и штетите на објектите. До ЦУК за кризи до сега пријавени биле штети на околу 200 објекти.

Од 18. јуни до денес во охридскиот регион регистрираани се над 1000 земјотреси.