Охридскиот регион повторно со повеќе земјотреси

Сподели

Во текот на изминатата вечер во охридското епицентрално подрачје се почувствувале два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,6 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот со јачина од 3,6 степени е регистриран во 22 часот и 52 минути, а тој со јачина од 3,7 степени бил во 21 часот и 31 минута.
Во текот на ноќта во охридскиот регион не биле почувствувани посилни земјотреси. Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека биле регистрирани неколку послаби со магнитуда од 2 и 3 степени.
Во последните 20 дена, Охрид и околината го погодиле над 1.000 земјотреси. Немирното тло внесе страв и паника како кај Охриѓани, така и кај туристите.