ОЈО: Поднесени обвиненија против 30 лица за упадот во Собрание на 27. април

Сподели

Обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија во Собранието на 27. април, кога беше извршен упад во Собранието и беа нападнати пратенции, новинари и собраниски службеници.

Од вкупно 35 осомничени обвинението е поднесено против 30 лица, за четири лица е прекината постапката бидејќи не се достапни за органите на прогонот, а за едно лице постапката е запрена бидејќи обвинителството не нашло докази дека лицето сторило кривично дело.

Дваесет и осум лица се товарат за терористичко загрозување на Уставниот поредок и безбедноста, а две лица се товарат за помагање за истото кривично дело.

Јавниот обвинител, Љубомир Јовевски рече дека обвинетите го загрозиле уставниот поредок со насилство и создале чувство на несигурност и страв.

-Опсежната истрага утврди дека обвинетите дејствувале со иста цел извршувајќи усогласени дејствија – рече Јовевски.