Oсновното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост.
Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 вв чл.297 ст.1 и на раководителот на станицата за технички преглед обвинет за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 вв чл.299 од Кривичниот законик.
Обвинителството во поднесената жалба истакнува дека и натаму постои опасност од бегство на обвинетите како основ за притворска мерка и дека ниту една друга мерка не е доволна гаранција за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.