Оланд: ИД стои зад убиството на свештеникот

Сподели

oland

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека двајцата киднапери кој убија свештеник во црква во Нормандија, во северниот дел на земјата, биле терористи и изразиле лојалност кон Исламска држава.

– ИД објави војна и ние треба да се бориме против оваа војна со сите средства, но со почитување на законот. Тоа нè прави демократија – рече Оланд пред новинарите во Сент Етјен ду Рувај, квалификувајќи го настанот како кукавичко убиство.

Напаѓачите влегле во црквата за време на миса и го заробиле 84-годишниот свештеник Жак Амела и уште четворица верници. Полицијата ги уби напаѓачите откако тие му го пресекле гркланот на свештеникот.

Полицијата ја опколи целата област и ги предупреди граѓаните да не се приближуваат сè додека ја пребаруваат локацијата за евентуално поставени бомби.

meta.mk