-Врз основа на сите факти, констатирано е дека Туарегот е управуван од дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој појасни дека Спасов во двете сообраќајки кои ги направил го напуштил местото на настанот и не ги почитувал знаците и наредбите од полицијата за застанување со возилото.
– Утврдени се оштетите настанти при случувањето на двете незгоди. При тоа и според сите факти, а врз основа на законот за безбедност во сообраќајот ќе бидат поднесени пријави за напуштање на местото на настанот, бидејќи не постапил по барањата на полицијата и не го сопрел возилото на време, рече Спасовски.
– Утврдено е дека во возилото имало сопатник, Т.К. која дала изјава своерачно потпишана дека лицето Д.С. управувал со возилото и дека немало никакви дејствија, дека никој не тропал или удирал по возилото, рече Спасовски и додаде дека лицето М.Т. кое лажно сведочело дека го возело Туарегот нема да добие кривична пријава за давање на лажен исказ.
извор: а1он.мк