Светските лидери и министрите за надворешни работи на 193 земји-членки на Обединети нации денеска изгласаа документ, чија цел е похуман и кооридинаран одговор на бегалската криза.
Документот на 22 страница наречен е „Њујоршка декларација за бегалците и мигрантите“. Тој не е правно обврзувачки и нема конкретно преземени обврски, но ги повикува земјите да ги почитуваат човековите права, да ја зголемат хуманитарната помош и да ги забрзаат процесите за прераспределба на бегалците.
Со денешната седница на ОН претседаваше генералниот секретар Бан Ки-мун. На утрешниот самит за бегалците домаќин ќе биде американскиот претседател Барак Обама, на кој ќе се бараат конкретни ангажмани од државните лидери за финансирање и прераспределба на 65,3 милиони мигранти и бегалци во светот.