Обединетите нации сметаат дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25 годишниот спор помеѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководствaта и народите на двете земји, изјави заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак.
Хак додал дека ОН целосно ја дели оценката на медијаторот дека е создаден позитивен импулс во релациите меѓу двете земји и оти е можно решение на проблемот со името.
Инаку, специјалниот претставник на ОН во разговорите помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц денеска во Атина ќе има средби со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас и со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
По посетата на Атина, Нимиц утре и задутре доаѓа во Македонија на средби со државниот врв.