Опозицијата во Албанија официјално се откажа од учество во изборите

Сподели

Дваесет опозициски партии испратија писмо до Централната изборна комисија на Албанија дека нема да се регистрираат како учесници во изборите ниту како поединечни партии, ниту како опозиција, официјализирајќи го така својот бојкот на изборите. Тие велат дека ќе стојат на одлуката сè додека не се постигне политички договор што ќе овозможи слободни и фер избори.

„Партиите од опозициската коалиција денеска формално застанаа зад одлуката да не се дозволат фалсификувани избори, избори купени со пари од дрога и од криминал. Ќе учествуваме на изборите само ако се формира техничка влада со широка политичка поддршка, која ќе овозможи примена на законите за процесот на декриминализација, ефикасна борба со трговијата со дрога, борба против организираниот криминал и перењето пари од дрогата, како и ќе создаде услови за слободни и фер избори“, порача Демократската партија, која е предводник на бојкотот.

meta.mk