Општина Чаир додели 20 стипендии за студии во дефицитарни насоки на Универзитетот „Мајка Тереза“

Сподели

 

Во пресрет на почетокот на вториот рок за упис во Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, градоначалникот на Чаир Висар Ганиу заедно со ректорот на овој академски храм, проф.д-р Изет Зеќири потпишаа Договор, со кој Општина Чаир доделува 20 стипендии за студенти кои на овој универзитет ќе студираат на дефицитарните насоки: Мегатроника, Индустриски менаџмент и Електроенергетика.

Ганиу изјави дека овој чин претставува важен чекор за академско унапредување на нашето општество, но и за зајакнување на пазарот на трудот, кој има толку голема потреба да има професионалци во своите редови дури и во дефицитарните насоки.

Воедно, му честитав на ректорот Зеќири за прекрасната работа што ја прави во унапредувањето на Универзитетот „Мајка Тереза“ и изразив подготвеност од страна на Општина Чаир секогаш да бидеме силен поддржувач на оваа академска институција, изјави градоначалникот Ганиу.