Општина Илинден продолжува со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем за фекална канализација кој е во должина од 500 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Марино на улица „409“ и „410“. Дополнително покрај овие две улици екипите на ЈКП „Водовод“ ќе продолжат со приклучување и на останатите домаќинства во тој дел на Марино.
На канализацискиот систем ќе бидат поврзани околу 30 домаќинства од овој дел на населеното место Марино, такашто ќе се реши проблемот со одведувањето на фекалните отпадни води и значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите на Марино. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен каде се работи на приклување на домаќинствата и истакна дека се работи интензивно на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, како и подобрување на инфраструктурата во Општината. Тој додаде дека во наредниот период ќе се продолжи со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем и во останатите населени места.