Општина Карпош започна со вонредна дезинфекција на колективните станбени единици – згради, кои имаат повеќе од осум домаќинства.
Дел од комуналните служби на Општината ќе вршат дезинфекција на влезните врати и влезните делови од зграда, гелендери, сандачиња и лифтови.
Ги повикуваме сите граѓани да се придржуаат до препораките за заштита од вирусот, да одржуваат зголемена хигиена во влезовите и заедничките простории од згради.
Сите носиме одоговорност за јавното здравје!