Општина Центар ги отстапи службените возила за полициската станица Центар

Сподели

 

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ,  донесе одлука да ги даде на  времено користење службените моторни возила на Полициската станица „Центар“.

„Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС „Центар“, со цел поефикасно извршување на нивните работните задачи и зголемениот број теренски активности кои ги имаат полициските службеници за време на полицискиот час во време на пандемија од Ковид-19. Со оваа мерка која ја презема Општина Центар, дополнително ќе го зголемиме капацитетот и ефикасноста на полицијата во извршување на редовните контроли на територијата на Центар “,  изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија – Биро за јавна безбедност, Секторот за внатрешни работи „Центар – Бит пазар“ укажаа дека за потребите на Полициска станица од општа надлежност „Центар“, потребно е времено користење на службени патнички моторни возила во сопственост на Општина Центар.

Општина Центар од почетокот на здравствената криза спроведе повеќе активности за поддршка на полициските станици кои се наоѓаат на територијата на Центар и во текот на изминатата година беа обезбедени нови велосипеди и велосипедска опрема за припадниците на полицијата, како и обезбедување на дезинфекциони средства, заштитни маски и отстапување на општиснки службени возила за успешно и ефикасно организирање на работата во услови на пандемија.

„Апелирам до сите жители одговорно да се однесуваат и доследно да ги почитуваат мерките и препораките од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство. Вирусот е опасен и само со координирани активности, хуманост  и одговорност ќе можеме да се справиме со него“, изјави градоначалникот Богдановиќ.