Заедно до поголема сигурност, заштитете го домот од кражби“ е новата акција на Општина Центар и Полициската станица „Центар“.
Проектот ќе се спроведува во јули и август, преку флаери, кои се дистрибуираат и лепат на влезовите во зградите, а причината за акцијата е зачестените обивања во домовите и кражбите во летниот период.
На денешниот состанок во општина Центар се договорени детали за поуспешна работа.
Во соопштението наведуваат дека основни безбедносни совети се да се затворат добро сите врати и прозорци, да не се дозволи непознато лице да влезе во домот, да се пријави во полиција на 192 ако се забележи нешто сомнително, да се негуваат добрососедски односи, да се чуваат вредни предмети на сигурно место, да не се остава впечаток дека се отсуствува од домот, да се организира советодавна група на граѓани за да го заштити соседството, да биде добро осветлен периметарот на станот или куќата, да не се остава надворешната врата отклучена, да се инсталира алармен уред или безбедносни камери и да не се објавува отсуството од домот на социјалните мрежи.
Во однос на заштита од џебни кражби советуваат со себе да се носи само потребната сума пари и кредитните картички, партите, картичките и ситните пари да се носат одвоено во внатрешните џебови, торбата која се носи да биде свртена со отворот кон телото, торбата да не се остава отворена и да биде до себе на видно место, да се внимава особено на вредните предмети кога се наоѓаат во гужба и да се обрне внимание на вредните предмети во гужва.
За заштита од кражби во автомобил пораката е да не се оставааат клучеви, документи и вредни предмети во возилото, да се заштитат сите врати и задната врата и да не се остава возилото на темно или напуштено место подолго време.
Граѓаните за сомнителните лица кои влегуваат во нивните влезови или во туѓи куќи, можат да се обратат на телефонскиот број 192.