Општина Центар ќе додели бесплатни ранчиња и училишен прибор за сите првачиња

Сподели

 

Општина Центар и оваа година преку општествено одговорни компании ќе додели околу 600 бесплатни ранчиња и училишен прибор за сите првачиња запишани во осумте основни училишта во општината. Градоначалникот Горан Герасимовски во пресрет на новата учебна година им посакува успешна година и примерно поведение.

„И оваа година со насмевки, среќа и желби за успех да ја започнеме новата учебна година. За нашите првачиња и оваа година Општина Центар заедно со општествено одговорни компании ќе подарат ранче и училишен прибор за секое прваче. Знаењето е темелот на државата затоа од почеток да вложуваме, зборуваме за важноста за стекнување нови знаења и изградиме млади и успешни генерации“ порачува Герасимовски.

Општина Центар ќе продоложи да се грижи и вложува во обезбедување подобри услови за сите основни училишта да бидат на највискоко ниво и нашите деца да го добиваат најдоброто и најквалитетното образование.