Општина Центар започна со акција за отстранување на хаварисани односно неисправни или нерегистрирани моторни возила од јавните површини на целата територија на општината. Пајак службата денес отстрануваше возила спроти Соборниот храм и кај бараките на општината.
Уште еднаш се повикуваат сопствениците на хаварисаните возилата да се јават на телефонскиот број 076 350 767 со цел ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ бесплатно да го кренат возилото и го однесат во отпад. Со оваа постапка нивното возило ќе биде проценето согласно откупната цена за старо железо.
Целта е да се отстранат хаварисаните возила кои со години го узурпираат јавниот простор, го попречуваат движењето на пешаците или зафаќаат простор на паркинзите.