Општинскиот штаб во Куманово ќе субвенционира пакети за социјалните семејства

Сподели

 

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот присуствуваа претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, претставници од институции, организации и јавни претпријатија. На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

 Општина Куманово преку Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, ќе изврши субвенционирање на социјално загрозени семејства на територија на Општина Куманово, (пакети со прехранбени производи, основни средства за лична хигиена…)

 Општина Куманово ќе побара од Владата на Република Северна Македонија две возила, кои ќе се користат за дезинфекција и перење на улици, а доколку не бидат обезбедени, оваа набавка ќе ја спроведе Општина Куманово.

– Општина Куманово ќе побара од ЈП ,,Пазаришта,, Куманово затворање на пазар за стари работи, а исто така ги информираме граѓаните дека сточниот пазар е веќе затворен. 

– Општина Куманово ќе постави средства за дезинфекција на јавно прометни места во градот (двата плоштади, кеј, базен, Соколана, верски објекти и на други јавно прометни места во градот). Јавните претпријатија ќе бидат задолжени оваа мерка сами да ја спроведат, односно да постават средства за дезинфекција на влезовите на претпријатијата.

– Тимовите кои вршат асистенција на болни и изнемоштени лица ќе бидат достапни во период од 08.00 до 14.00 часот.

– Се задолжуваат јавните претпријатија да обезбедат набавка на технички инструменти- безконтактни топломери и секојдневна контрола на вработените при отпочнување на работните задачи, како и на странките.  При извршена контрола доколку се утврди дека некој од вработените или странка има покачена температура, да се испрати кај матичен лекар за превземање на понатамошни дејствија.

Потребно е да се направи дезинфекција на општинските згради.

– Јавното претпријатие ,,Чистота и Зеленило,, и ТППЕ Куманово да продолжат со дезинфекција на јавни површини.

– Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово да продолжи со постапката за информирање на управителите на станбените објекти за дезинфекција на влезовите, заедничките простории, лифтовите на сите станбени згради.

-Според преставникот на Центар за јавно здравје постапката за дезинфекција на објектите на основните и средните училишта е завршена- сооштуваат од Општина Куманово.